Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мизрахи: Знам, дека болката е ненадоместлива, но нивните  браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
image1

Техничката министерка за труд и социјала  Рашела Мизрахи, го посети семејството кое изгуби две малолетни деца во пожарот попладнево.

„Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител, се сочувствувам со големата болка што ја почувствуваа, денес, нивните родители.  Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадмостлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен.  Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадоместлива, но нивните  браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед“, истакна министерката.

— реклама —

— реклама —

Мизрахи додаде дека Министерство за труд и социјална политика на семејството им понудили  сместување и  еднократна парична помош .

— реклама —

фото: МТСП

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања