Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мизрахи:Министерството на проблеми да го направиме да биде министерство на решенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
rasela-mirzahi

Министерството на проблеми мора да стане Министерство на решенија. На секој човек да му се понуди шанса и надеж дека може и мора подобро, напиша на Фејсбук новата министерка за Труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

— реклама —

„Првиот работен ден во Министерството за труд и социјална политика.

Министерството на проблеми мора да стане Министерство на решенија. На секој човек да му се понуди шанса и надеж дека може и мора подобро. Мораме да бидеме свесни дека станавме општество со нерамномерен развој на нерамноправни поединци. Сиромаштијата е галопирачка, ранливите категории граѓани се на маргините. Достоинството на пензионерите е разнишано. Мобингот кој е широко распространет се става под тепих и за жал не е тема за која се зборува. Улогата на жената мора да се почитува. Центрите за социјална заштита не смеат да бидат алатка за партиска политика, туку алатка за заштита на оние на кои им е потребна социјална заштита.

— реклама —

Доаѓа време на одлуки и промени.

Чекор по чекор кон обнова за подобра иднина“, истакна Мизрахи.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=110135350508389&id=105165631005361

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања