Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„МКЦ за Скопје“ за 56-годишнината од земјотресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
2018-7-26_na_danasnji_dan_26_srpnja_1963_godine

Младинскиот културен центар се влучува во одбележувањето 56 години од скопскиот земјотрес со програма од повеќе содржини насловена „МКЦ за Скопје“ во паркот на МКЦ. Ќе почне во 18.30 часот со детските работилници „Мојот град, моето омилено место“ на уметникот Доротеј Нешоски и „Пишуваме-илустрираме: Моето Скопје“ на писателката Билјана Црвенковска.

— реклама —

Потоа следуваат слушачки промоции на ЛП-компилациите „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“ и „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“ од Тошо Филиповски, како и промоција на неговата нова книга „Македонска дискографија – винили (1958-2019), прв том“ со презентација на 333 грамофонски плочи односно 250 винилни изданија (самостојни и заеднички) на македонски музичари и бендови.

Од 22 часот до полноќ ќе има музичка програма со настапи на Светлост, Јордан Костов Трио и Роботек, а во 00.15 ќе почне проекцијата на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија Данило и Раде Шербеџија во рамки на „Кино на трева“ – петдневна програма на бесплатни филмски вечери во паркот на МКЦ.

— реклама —

– Мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“ традиционално се одржува на 26 јули со цел да нѐ потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани, соопшти МКЦ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања