„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

МКД: Долг е списокот на хонорарци од платниот список на Јанева, полицајци, новинари, ќерки ...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sjo

Освен обвинителите и вработените во Специјалното јавно обвинителство, на списокот хонорарни соработници се и голем број на државни службеници, нивни синови и ќерки, полицајци, новинари, експерти...  Еден од поголемите хонорари во период од последните четири години примил командантот на „Алфите“ Примислав Димовски - околу 40 илјади евра. На платниот список на СЈО бил и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски кој за три години . Во период од 3 години на неговата сметка на име хонорар од СЈО легнале околу 33.000 евра, објави МКД.МК.

— реклама —

Од државните службеници интересно е и името на Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полција. За две години тој од СЈО добил нешто повеќе од 26.000 евра.

Три ќерки на државни службеници биле на хонорарната листа на СЈО. Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ (директор на затворот во Шутка) добила 20 илјади евра. Марија Василевска, ќерка на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, за две години од СЈО добила хонорар од 14.000 евра. И Катерина Тунџева, ќерката на директорот на Катастар Борис Тунџев.

— реклама —

На списокот е и ќерката на обвинителката во СЈО Елизабета Јосифоска. На сметката на Елена Јосифоска легнале 30.000 евра, пишува МКД.МК.

Новинарот Сашо Ордановски лани од СЈО добил 255.000 денари.

Сите овие податоци се достапни на платформата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии. Засега нема информации за основата на овие исплати.

Текстот во целост на: МКД.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања