Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

„Млад кромид и пиперка со пестициди се пуштени во промет, граѓаните јадат небезбедна храна“, Трипуновски бара оставки од Бабовски и Николовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
zelencuk

МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

— реклама —

„Ова пред мене се доказите кои што денеска ќе ги презентирам пред македонската јавност.

— реклама —

Денеска објавувам уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија. Имено, станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во Република Македонија и веќе се наоѓаат на некој од пазарите ширум нашата држава.

— реклама —

Првите два извештаи направени во ДФЛ потврдуваат дека во анализите на млад кромид е детектиран недозволиво присуство на пестициди и овие два извештаи се архивирани под арховски број 10802-295/2 и 10802-296/2 од 22/05/2023 година.

Третиот и четвртиот извештај исто така издаден од ДФЛ се однесува на анализа направена на пиперка во која исто така е откриено недозволиво количество на остатоци од пестициди и овие два извештаи во интерес на вистината се со печат на министерството и архивирани под архивски број 10802-373/2 од 17/05/2023 и 10802-493/2 од 26/05/2023 година.

Почитувани,

Овие четири документа кои што се пред мене се јасен доказ дека во промет е пуштен зеленчук кој е крајно небезбеден и отровен. И наместо веднаш да се реагира, АХВ праќа паушални соопштенија и се обидува да ја замајува јавноста.

Чиј бил интересот и колку може да биде забегана една влада свесно да пушта граѓаните да јадат небезбедна и отровна храна?

Власта е најодговорна за тоа што денеска граѓаните консумираат штетна храна. И оваа тема не познава ниту верска, етничка, а најмалку политичка припадност. Оваа тема ги засега сите подеднакво, од најмалите до највозрасните.

Николовски и Бабовски се главните виновници за овој голем скандал.

Им порачувам на АХВ и МЗШВ наместо да демантираат, веднаш да реагираат, а Бабовски и Николовски да си поднесат неотповикливи оставки од своите позиции. За ова во демократските земји паѓаат цели влади.

Воедно уште еднаш апелирам ЈО да не глуми ненадлежно и веднаш да реагира по допрен глас.

Одговорност за ова мора да има“, додава тој.

/%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%811-30052023" rel="attachment wp-att-223123">

/%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%812-30052023" rel="attachment wp-att-223124">

/%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%813-30052023" rel="attachment wp-att-223125">

/%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%814-30052023" rel="attachment wp-att-223126">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања