Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Млад Македонец со сериозна повреда на ’рбетниот мозок е успешно транспортиран од Турција во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8gcf5lnjimq5fbez9Um
Скопје1.мк

Млад македонец со сериозна повреда на ’рбетниот мозок е успешно транспортиран од Турција во Македонија, информираат од Министерството за здравство.

— реклама —

Пациентот се здобил со повредата при несреќа на тобоган за време на одмор во Кушадаси. На 23 јули му била извршена хируршка интервенција во локална болница, каде што бил задржан на лекување до транспортот во земјава.

— реклама —

Поради сериозноста на повредата и препораката на турските лекари, Министерството за здравство во координација со Владата, Службата за општи и заеднички работи и медицинските тимови организирало воздушен медицински транспорт со владин авион.

Во Турција бил испратен стручен медицински тим, предводен од раководителката на КАРИЛ, д-р Марта Тренева, кој го презел пациентот и обезбедил медицински надзор во текот на транспортот до Скопје.

— реклама —

Пациентот е примен на одделот за интензивно лекување при Клиниката за ТОАРИЛУЦ, каде што ќе продолжи со лекувањето. Од Министерството информираат дека во следниот период ќе бидат направени дополнителни испитувања, по што ќе се утврди натамошниот тек на лекувањето и рехабилитацијата.

Во зависност од неговата здравствена состојба, предвидена е и физикална терапија во спиналниот центар во земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања