Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Млад Македонец со тешка повреда го враќаат од Турција: се подготвува владиниот авион за транспортот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8gcf5lnjimq5fbez9Um
Скопје1.мк

Млад македонски државјанин кој се здобил со тешка повреда – скршеница на вратен пршлен – ќе биде транспортиран од Турција во Македонија со владиниот авион, дознава „Скопје1“.

Според неофицијални информации, денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава.

— реклама —

Момчето е хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет.

— реклама —

Македонија нема медицински транспортен авион, па затоа се употребува малиот владин авион, со кој момчето пренесено во Македонија, каде што ќе го продолжи лекувањето. Според сознанијата на „Скопје1“, во авионот ќе има и медицински тим кој ќе ја следи неговата здравствена состојба за време на летот.

Владиниот авион нема голем капацитет, а како актуелната, така и претходните влади секогаш кога тргнаа во поход да набават нов, опозицијата секогаш критикуваше. Со тоа, и натаму, секогаш кога има потреба од евакуации, најчесто се користат чартер летови. Поради капацитетите и опременоста, ова е еден од ретките случаи каде владиниот авион може да се искорисит.

— реклама —

БОНУС ВИДЕО:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Експлозија во рудник во Турција: Двајца загинати, петмина повредени, еден рудар заробен

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarygp36cng7f7ccabLAA14

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува потрагата по исчезнатите

Свет | пред 1 седмица

nafta-696x465-1

Турција ќе набавува дизел според спорниот договор меѓу САД и Русија

Свет | пред 1 седмица

media-library1h6g6r9i9054bZZn0Sr

(Видео) Поплавите ја погодија Турција, четири лица загинаа, тројца се водат како исчезнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања