На 29.08.2023 во 18.30 часот во СВР Скопје, М.М. пријавил дека во населба Хром, неговиот син М.М.(20) бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно познавал, а кои потоа му одзеле мобилен телефон.
На 29.08.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, Г.М.(49) од Скопје пријавил дека на 24.08.2023 околу 23.54 часот на подрачје на Аеродром, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.