ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Mladeska_samotija_cover

Клер Симон со новиот филм „Младешка осаменост“ фрла светлина врз ранливоста на група тинејџери од зафрлените париски предградија кои отворено зборуваат за сопствените искуства, кој од денеска почнува да се прикажува во киносалите ширум републикава.

— реклама —

Со патики на нозете, слушалки на ушите и протези на забите, тие ги прават нивните први чекори во светот на возрасните. Нивното детство брзо останува во минатото, а со тоа и нижењето на спомени - понекогаш среќни, понекогаш болни. Во сегашноста, во меѓувреме, се вртат прашањата за иднината за оние чии домови се непоправливо уништени поради некомуникација: животот на 16,17 и18-годишниците може понекогаш да се чини како рај, но исто така и како пекол.

— реклама —

Овие тинејџери се во фокусот на француската режисерка Клер Симон во „Младешка осаменост“, документарен филм кој следи група тинејџери во нивната претпоследна година во едно средно училиште во околината на Париз . Филмот имаше премиера во програмата „Форум“ на 68-тиот Берлински филмски фестивал.

— реклама —

Филмот е во копродукција на продукциската куќа „Софи Дулак “ во копродукција со „Картаж филмс“, а француската „Вајд хаус“ е продажен агент.

Компанијата „КТ Филм и Медиа“ е дистрибутер за Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања