Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Млади фудбалери од ФК “Вардар“ дел од проектот “Фудбал за пријателство“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FK-Vardar-mladi

Во рамки на почетокот на 7. Сезона на Меѓународниот детски општествено одговорен проект “Фудбал за приајтелство”, под покровителство на Компанијата “Газпром” А.Д., како дел од стартот на локалните активности поврзани со овој проект беа одбрани Млади Амбасадори – учесници во проектот. Во овогодинешната сезона на проектот учество ќе заземат млади фудбалери од Младинската Фудбалска Школа на ФК “Вардар“ – Милош Спасовски (играч од одбрана), Борјан Томовски (играч од средина на теренот) и Лука Јаневски (голман), а заедно со нив дел од Македонската делегација ќе биде и Калина Василевска (млад новинар).

Македонските учесници во овогодинешната сезона на проектот, како Делегација од Република Северна Македонија, ќе патуваат во Мадрид (Шпанија) и ќе бидат дел од завршните активностите на “Фудбал за пријателство“: Меѓународен турнир во мешани детски тимови на пријателството, Меѓународен детски прес центар од кој ќе известуваат Младите Новинари, Школа за деветте клучни вредности на проектот и Меѓународен Форум “Фудбал за Пријателство“. Во рамки на овие активности, македонските Млади Амбасадори ќе имаат можност заедно со нивни врсници – деца на возраст од 12 години од земји ширум светот да ги споделат своите искуства за промовирање и поттикнување на мир, пријателство, еднаквост, традиција и други суштински вредности кои треба да ги следиме и според кои треба да работиме, особено кога станува збор за колективните тимски напори, како фудбалот, и спортот во целина.

— реклама —

Заедно со нив, дел од делегацијата која ќе ја претставува Македонија во рамки на овој проект е и Заменик Извршниот Директор на ФК “Вардар“ и Директор на Тренинг Кампот, г-дин Кирил Кироски.

“Ни претставува задоволство втора година по ред да сме дел од овој интернационален проект наменет за новите генерации ширум светот кој има за цел да ги поттикне младите да практикуваат спортски активности и на овој начин да шират позитивни човечки вредности помеѓу своите врсници и пошироко. Младинската фудбалска школа при ФК ’Вардар’ го поддржува и стимулира негувањето на пријателство, еднаквост и мир помеѓу нејзините учесници во рамки на теренот и пошироко, вложувајќи во нив и како идни професионални фудбалери и како личности – пример за останатите. Верувам дека нашите млади фудбалери и оваа година ќе не претстават во одлично светло.“ – изјави г-дин Кирил Кироски.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања