Промени тема
Контакт

Млади граѓански активисти и градоначалници од пелагонискиот регион во студиска посета на Младинскиот центар во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
mladinski-centar-1-scaled-1

Начинот на формирање и функционирање на Младинскиот центар во Охрид денеска беше презентиран пред 50-тина младинци, асистенти на граѓански организации и градоначалници на општините од Плагонискиот регион. Оваа студиска посета беше организирана во рамки на Семинарот за младинско учество и младински политики како дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“.

Во името на Охридската локална самоуправа, пред гостите се обрати заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

-Ми претставува голема чест да Ве поздравам и да Ви посакам срдечно добредојде во Охрид и во нашиот Младински центар. Искрено се радувам што политиките кои охридската Локална самоуправа ги спроведува во насока на подобрување на условите за младите прераснаа во еден позитивен пример за поширокиот регион и се основна причина за Вашата денешна студиска посета.

Воспоставувањето и официјалното отворање на Младинскиот центар во Охрид беше сложен процес, накој предводени од градоначалникот Кирил Пецаков, бевме особено посветени. Горди сме што истрајавме во нашите намери и тоа што успеавме да ги реализираме сите предвидени активности. Благодарение на сите напори и низа административни процедури, Охрид по долги години и десетици празни ветувања, конечно доби функционален Младински центар по сите стандарди.

— реклама —

Целта на Младинскиот центар е да им овозможи на младите да ги унапредуваат своите знаења и да го зголемат своето учество во процесите на донесување одлуки вообразовните институции и локалната заедница. Младинскиот центар спроведува активности и мерки за развивање на креативниот потенцијал на младите, а подготвува и реализира активности за промоција на талентираните уметници.

Овозможивме современ простор каде што се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку неформално образование, забавни и волонтерски активности, информирање, менторство и советување.

Почитувани,

— реклама —

Иднината на една општина, на еден регион, на една држава е во младите генерации. Тие треба да бидат најважните носители на позитивните промени и се значаен ресурс за напредок и развој.Токму поради тоа мораме да градиме вистинско партнерство и да воспоставиме поголема соработка со младите. Мораме да го вреднуваме нивното мислење, бидејќи тоа е единствениот начин преку којможеме да се осигураме дека нашите политики се исправни и се во вистинска насока.

Ве охрабрувами Ви посакувам успех во реализација на секоја позитивна идеја која обезбедува подобри услови за младите во Вашата локална средина. Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги сподели сите досегашни искуства и практики во делот на креирањето на младинските програми и ќе биде отворена за соработка.

— реклама —

Ви посакувам добра мисла, многу креативни идеи и успех во сите идни проекти и активности насочени кон младите и нивната благосостојба. Се надевам дека сите заедно, преку заеднички напори ќе го спречиме иселувањето и ќе овозможиме младите генерации да ја гледаат својата иднина во своето родно место и во нашата Македонија, истакна Божиновски во своето обраќање.

За работењето на Младинскиот центар и за спроведените активности зборуваа Зоран Илиевски, директор на Коалицијата „СЕГА“ и раководителот на Младинскиот центар, Јован Цветкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања