Младинките на ЖОК „Јанта Волеј“ направија голем успех

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Спорт
IMG-278d3c63d025667020edff82d89e9bd5-V

Одбојкарките на ЖОК „Јанта Волеј“ од Кисела Вода на финалниот турнир во женска одбојка во јуниорска конкуренција У-18 направија голем успех.

— реклама —

— реклама —

На ова натпреварување клубот од Кисела Вода го совлада „Работнички Скопје“, со резултат 2:0, а  „Наковски Волеј“ од Струмица го победи „Пелистер“  со 2:0.

— реклама —

Во борбата за првото место „Јанта Волеј“ го победи „Наковски Волеј“ од Струмица со 3:1, а во пресметката за третото место „Пелистер“ го совлада „Работнички Скопје“ со 2:0.

-Многу сум задоволен од тоа што го освоивме јуниорското првенство. После реконструкцијата на шампионската екипа од минатата година, оваа година им дадовме шанса на младите во нашиот клуб кои успешно ја искористија во целост. Истите настапуваа во сениорска конкуренција и стигнавме до полуфинале каде испаднавме од многу поискусниот „Работнички - жени“. Наредниот викенд играме финален турнир во кадетска конкуренција каде по мое очекување треба да бидеме фаворити. Сакам да се заблагодарам на сите што помогнаа и не поддржаа на овој тежок пат до успехот посебно до градоначалникот Филип Темелковски и одделението за спорт при Општина Кисела Вода, изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренер на ЖОК „Јанта Волеј“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања