Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Младинска картичка“ за повеќе поволности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_0135

На оваа своја седница министрите во Владата ја разгледаа и усвоија и Информацијата за реализација на Проектот „Младинска картичка“, кој има за цел да го олесни и подобри секојдневието на младите со поволности кои ќе опфатат повеќе категории како попусти во угостителството, трговијата, пристапот до едукативни центри и културни и спортски настани, како и за патувања во земјата и во странство.

— реклама —
— реклама —

Со информацијата Владата на РСМ донесе и заклучок одредени министерства да се вклучат во проектот за поволности за младите од 15 до 29 години, како и препорака за единиците на локалната самоуправа исто така да станат дел од реализацијата на овој проект.

— реклама —
— реклама —

Втората фаза од „Младинската картичка“ е вклучување на националната картичка кон системот „Европска младинска картичка“ кога младите од нашата земја ќе можат овие бенефиции да ги уживаат и во земјите членки на ЕУ. На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со отпочнување активности за спроведување на Стратегија за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 - 2023, со Акциски план, и ги задолжи сите органи на државната управа, за кои има предвидено активности во Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 - 2023, средствата потребни за реализација на активностите да ги планираат во своите годишни буџети за тековните години согласно временската рамка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања