Промени тема
Контакт

Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ доби грант од 10 000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
zaedno-7-tima

Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид е прогласена за една од трите најгласни во земјава и доби грант од 10 000 денари за спроведување на нивната иницијатива - културата меѓу младите.

Од 29 до 31 март во Велес, Наталија Танеска, Димитар Назифовски и Љубица Јованоска од Младинската заедница, под менторство на педагогот Кристина Танеска, беа дел од натпреварот „НајГЛАСНИ!“ организиран од Фондација Конрад Аденауер и LEAD (Лидери за едукација, активизам и развој). Во конкуренција од уште шест Младински заедници од Радовиш, Скопје, Прилеп, Велес и Крива Паланка тимот од Охрид ја претстави работата на својата заедница и иницијативата за одржување на манифестацијата „МАНИКУЛТ“ планирана за мај, годинава.

„Се чувствувам исполнето и задоволно како ментор на исклучително амбициозни, активни, талентирани и мотивирани ученици со цел да направат некоја позитивна промена која ќе придонесе за доброто на сите во нашето училиште. Желбата и мотивот кај учениците да се активира младинската заедница беше резултат на затвореноста и изолираноста на учениците во време на Ковид пандемијата и онлајн учењето со што беше оневозможено нивното меѓусебно дружење. Воедно, од големо значење за нивниот социјален и интелектуален развој се активностите и настаните од културно-забавен и едукативен карактер, кои за жал како воннаставни активности, многу ретко се одржуваа. Поради оваа причина, сегашната генерација на средношколци, пројави интерес кај голем бројиницијативи со кои овозможивме вклучување на младите во одредени активности од различен карактер“, вели Кристина Танеска, педагог во охридската гимназија. ладинската заедница во гимназијата беше обновена пред околу четири месеци како желба на најголем дел од средношколците за проактивност и можност да си ги покажат своите способности надвор од училишните клупи.

— реклама —

Претставниците на тридневниот настан, кои го посетија и Собранието на Република Северна Македонија, се здобија со многу нови искуства кои ќе им помогнат да ја развијат младинската иницијативност во училиштето. ДимитарНазифовски, претседател на Младинската заедница, вели: „Во ова невреме во кое монотоното образование преовладува, овој настан ни претставуваше едно многу корисно и одлично искуство реализирано во различна насока од самата формална едукација. Споделувањето на практики, начинот на функционирање и самите активности кои другите младински ги имаат ни овозможија да размислуваме во повеќе правци, да ги прошириме нашите видици и да ја зголемиме амбициозноста за нешто повеќе.“

— реклама —

Слично размислува и ученичката Наталија Танеска, која беше дел од тимот: „Овој настан ми беше позитивно искуство, овозможи да имам посебна перспектива кон ваквите настани како и за тоа како е да се прави нешто ново и предизвикувачко. Не само што ми овозможи да се надоградам себеси, туку и да стекнам нови познанства, да слушнам различни мислења и конструктивни критики.“

Натпреварот заврши и во рамките на календарот на активности е вметната и наградената инцијатива.

— реклама —

„Од самиот почеток па до денес, раководството на Младинската заедница вешто се обидува да ги лоцира проблемите и недостатоците кај средношколците. Надвор од забавата и неформалната едукација, она што навистина не засега енедостатокот на културниот дух кај младите. Токму поради тоа, добиениотпаричен фонд ќе го искористиме за одржување на нашиот еднодневен настан „Маникулт“ преку кој Охрид ќе слушне за квалитетите на гимназијалците и уште еднаш ќе се докаже дека нашите средношколци умеат да иницираат, креираат и организираат. Вклучувањата во проекти налик на овој и очекуваната поддршката од младите активисти и возрасни од Охрид, ќе се мотив плус да продолжиме со остварување на нашите цел“, објаснува Љубица Јованоска, координатор на делот за промоција во наградениот тим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 2 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања