Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Младите брачни парови ќе добијат можност да купат стан по цена пониска за најмалку 20%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 минути -

Македонија
media-libraryi4rs14bgl0r0feHuUlJ
Илустрација / Скопје1

Младите брачни парови до 35 години ќе можат да купат стан по цена најмалку 20 отсто пониска од просечната продажна цена во соодветната катастарска општина во претходната година. Ова е една од мерките што ги најави премиерот Христијан Мицкоски, како дел од новиот пакет за подобрување на станбениот и студентскиот стандард.

— реклама —

Според најавеното законско решение, градежните компании ќе мора однапред да издвојат најмалку 10 проценти од станбената површина во новите објекти, која ќе биде понудена на брачни парови до 35 години со најмалку 20 проценти пониска цена. Споредбата ќе се прави врз основа на просечните цени од склучените купопродажни договори во претходната календарска година.

— реклама —

Втората мерка предвидува ослободување од комуналии за брачните парови до 35 години кои ќе одлучат да изградат сопствена куќа. За двете мерки се подготвуваат законски решенија што наскоро треба да бидат доставени до Собранието.

— реклама —

Мицкоски најави и промени во моделот на студентскиот оброк. Владата работи на дигитално решение преку апликацијата „м-услуги“, со кое студентите, покрај зголемен износ за оброк, би добиле и дополнителни поволности.

— реклама —

Премиерот рече дека во подготовката се вклучени Генералниот секретаријат, министерствата за дигитална трансформација, образование и наука и финансии, а деталите за новиот модел треба да бидат објавени наскоро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања