Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Младите центарци даруваат и донираат за Лео

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

Општина Центар продолжува со хуманитарната акција за помош на младиот Леонид Игнов, на кој му е потребно лекување во странство за да закрепне.

— реклама —

Во ТЦ „Рамстор“ вчера е одржан уште еден хуманитарен новогодишен базар на кој со свои ракотворби и музички точки учествуваа ученици од општинските основни училишта.

— реклама —

Средствата собрани од продажбата на нивните креативни трудови и изработки ќе бидат донирани за медицинскиот третман на младиот Лео, кој се здоби со тешки повреди на `рбетот во несреќен случај пред неколку месеци, извести општина Центар.

— реклама —

На настанот се приклучи и градоначалникот Горан Герасимовски, со порака дека секоја донација е важна за да се помогне на Леонид.

Добротворниот базар се реализираше во рамките на хуманитарната програма на Општина Центар посветена на Лео, а со поддршка на Рамстор.

На 27 и 29 декември на вториот кат на ТЦ Рамстор ќе се одржат уште две слични манифестации на кои ќе учествуваат младите центарци, соопштија од општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања