Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Младите музички таленти од ООМУ „Методи Патче“ приредија прекрасен новогодишен концерт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
Disney_271223006

Со безвременските композиции од најпознатите анимирани филмови на „Дизни“, младите музички таленти од ООМУ „Методи Патче“ вчеравечер приредија прекрасен новогодишен концерт во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Олгица“.

— реклама —

На различни инструменти, под менторство на своите професори, преку индивидуални и групни настапи, учениците интерпретираа дваесетина музички теми. Многубројната публика уживаше во мелодиите од „Снежена“, „Заспаната убавица„, „Кралот Лав“, „Аладин“, „Фрозен“, „Пепелашка“ и други препознатливи екранизирани бајки.

— реклама —
— реклама —

Концертот беше инспириран од јубилејот 100 години од основањето на студиото „Дизни“ со чии ликови, приказни и музика растеа и растат низа генерации.

— реклама —

Во пресрет на новогодишните празници, учениците од ООМУ „Методи Патче“ утревечер на 28.12.2023 година ќе одржат Новогодишен концерт и на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 18:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања