„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Млекото и млечните производи се безбедни, тврди АХВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
ekspert-objasnuva-zoshto-treba-da-prestanete-da-piete-kravjo-mleko-kafepauza.mk_

По кој знае кој пат и вчера преку објавен ФБ статус, Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ се обиде да ја изманипулира и заплаши јавноста дека во опасност е доведено здравјето на потрошувачите поради неспроведената јавна набавка за лабораториско испитување на болеста бруцелоза. Како одговорна институција апелираме граѓаните да не подлегнуваат на политичките инсинуации на Трипуновски дека на пазарот ќе се пласираат небезбедно млеко и млечни производи поради нереализираната јавна набавка која е навреме објавена, а за која Државната комисија за жалби по јавни набавки е во фаза на одлучување по поднесена жалба, вечат од АХВ.

— реклама —

„Одговорно тврдиме, безбедносниот систем за млекото и млечните производи не е нарушен. Покрај лабораториските испитувања, во спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните за годинава, како дел од повеќегодишните програми за контрола и искоренување на болестите кај животните, вклучително и на бруцелозата, се вршат и клинички прегледи. Лабораториските испитувања се само една од методите за докажување на здравствениот статус на животните на одгледувалиштата.

Примарната контрола на здравствениот статус на животните на фармите ја имаат сточарите и тие водат сметка за ова. Ја почитуваат законската обврска секоја промена во здравствениот статус на животните да ја пријават до ветеринарните друштва или официјалните ветеринари.

— реклама —

Суровото млеко кое влегува во процесот на производство задолжително термички се третира(стерилизира/пастеризира) со што се елиминира и можноста, млеко заразено со бактеријата бруцела да влезе во производството. Оваа бактерија со термичкиот третман на млекото се уништува. Дополнително, врз основа на сопствени контролни програми и контролите кои ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство, се контролира и безбедноста на секој готов производ.

На крајот, единствено за што е во право Трипуновски е неговото тврдење дека здравјето нема цена и затоа, неетички и неморално е од негова страна, исклучиво за политички цели, постојано да се игра и манипулира со него“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања