„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ММДЧП ги повикува Русија и Кина да се обврзат дека ќе стават вето на промената на македонското име

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mkd-399565

„По средби со руски и кинески претставници, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права испрати писма до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и до кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во кои ги повикуваме двете земји, како членки на Советот за Безбедност на Обединетите Нации да:

— реклама —

  1. Поднесат барање до Обединетите Нации со кое ќе се побара ОН да ја почитува својата Повелба и владеењето на правото, и веднаш да и дозволи на Република Македонија да биде примена под своето вистинско име, и со тоа трајно да се стави крај на сите обиди за негово менување, и
  2. Недвосмислено да повикаат да се стави крај на принудното и илегално спроведување на Преспанскиот договор и да стават вето на било каква промена на македонското име и идентитет.

ММДЧП побара поддршка за да се одбрани нашето право на самоопределување, и појасни дека западните империјалистички цели за проширување на НАТО со нови членки – при што на Грција и се помага во нејзианта цел да се избрише македонската нација – мора да бидат итно спречени.

— реклама —

Во нашите дискусии со претседателот Ѓорге Иванов и со неговите советници за надворешна политика, ММДЧП, заедно со нашите партнери во борбата за одбрана на Македонија, ги подвлекуваме барањата претседателот да преземе итни мерки со кои ќе се помогнат погоре наведените акции и да поднесе негово барање до ОН, како претседател на Република Македонија.

Понатаму, ги повикуваме сите земји – членки на ОН да ја почитуваат Повелбата на ОН и притоа да ги почитуваат и бранат правата на Македонија и на македонскиот народ“, се веили во соопштението од Македонското меѓународно движење за човекови права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања