„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Многу сте расположен со оглед на тоа дека ви се ближи времето, му рече Фетаи на Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
fetai

— реклама —

— реклама —

На денешното судење за насилството во општина Цнетар, поранешниот премиер, Никола Груевски прокоментира дека обвинителката Фатиме Фетаи зборувала без да добие право на збор и се насмеа откако судијата рече дека таа е обвинител и може да зборува во оваа фаза.

На тоа Груевски само се насмевна, а Фетаи му се обрати со зборовите „многу сте вие расположени со оглед дека ви се ближи времето".

Груевски и рече дека нема потреба да се грижи за неговото расположение, по што Фатиме одговори дека се грижи и за здравјето и за расположението на обвинетите. Потоа почна расправа во судницата, Фетаи стана и рече „помина времето кога не смееше никој да му возвраќа".

Судијата повика на мир во судницата, а некои од обвинетите се обратија кон јавноста со зборовите „ајде сега и ова да го објавите".

Во случајот „Насилство во Центар" обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.

Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања