„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мнозинството пратеници гласаа спротивно на волјата на народот, критикуваше Иванов на средбата со Церар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ivanov-2

Иако на референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено не го прифати Договорот од Преспа, Собранието на Република Македонија тоа не го зеде предвид, а мнозинството пратеници постапија спротивно на волјата на народот, изјавил претседателот Ѓорге Иванов на средбата со заменик претседателот на словенечката влада и министер за надворешни работи Миро Церар.

— реклама —

На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, двајцата соговорници разговарале за унапредувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Словенија кои ги карактеризира доверба, пријателство и цврсто партнерство, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот.

Иванов нагласил дека континуираните посети на политичко ниво дополнително ги потврдуваат одличните односи меѓу двете земји и се заблагодарил за одличната соработка меѓу двете земји за време на мигрантската криза во 2015 година  и за присуството на словенечката полиција на нашата граница. Според него, во наредниот период напорите треба да се насочат кон динамизирање и зголемување на економската соработка и трговската размена, преку поттикнување на заедничките инвестиции.

— реклама —

„Во однос на македонските евроатлантски интеграции, Иванов изрази надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Словенија ќе продоложи и во иднина, со цел отвoрање на пристапните преговори со ЕУ и членство на Република Македонија во НАТО.

Во однос на политичките случувања во нашата земја, македонскиот претседател истакна дека иако на референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено не го прифати Договорот од Преспа, Собранието на Република Македонија тоа не го зема предвид, при што мнозинството пратеници постапија спротивно на волјата на народот“, пишува во соопштението.

Иванов и Церар зборувале и за предизвиците од илегалната миграција и заклучиле дека досегашната успешна соработка треба да продолжи и во иднина со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања