Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МНР апелира до македонските државјани во Катар и ОАЕ внимателно да ја следат безбедносната состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
mnr-5-1

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повика македонските државјани кои престојуваат во Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини, поради актуелната безбедносна состојба во регионот.

Во објава, Министерството информира дека граѓаните кои имаат потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Доха на телефонскиот број +974 50 173 111 или на електронската адреса doha@mfa.gov.mk, како и во Амбасадата во Абу Даби на +971 56 441 7532 и abudabi@mfa.gov.mk.

— реклама —

На располагање е и дежурниот контакт на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку телефонските броеви +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.

Од Министерството посочуваат дека континуирано ја следат состојбата и најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите релевантни информации.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања