„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани од САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Skopje_-_Ministry_of_Foreign_Affairs_of_Macedonia

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за информирање на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација во врска со изгласување на предлогот за пристапување кон измени на Уставот во Собранието на Република Македонија.

— реклама —

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги смета наводите во коментарот како целосно неосновани и невистинити, изнесени со јасна тенденција да се компромитира политичкиот процес од историско значење за Република Македонија и за сите нејзини граѓани. Пратениците во Собранието на Република Македонија, со целосно почитување на сите демократски принципи и предвидената парламентарна процедура, донесоа одлука која ги рефлектира децениските заложби на Република Македонија за членство во НАТО и во Европската унија, како стратешки приоритети за кои постои најширок можен општествен консензус, а што добро им е познато и на нашите руски пријатели“ се наведува во реакцијата на МНР.

Од Министерството за надворешни работи потенцираат дека, останувајќи посветена на евро-атлантската интеграција, Република Македонија и во иднина ќе се залага за развивање и унапредување на односите и со Руската Федерација, врз основа на традицоналното пријателство на нашите народи, како и меѓусебното почитување и уважување на правото на самостоен и слободен избор на сопствената иднина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања