Едно од лицата кое го загуби животот во сообраќајната несреќа во близина на Лесковац е маж на возраст од 68 години, информираат од Министерството за надворешни работи.
„Идентификувано е уште едно лице од загинатите, станува збор за 68 годишна жена. Третата жртва се’ уште не е идентификувана. Надлежните служби работат на идентификација и на повредените, во тек е постапката. Четворица патници со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш“, информираат од МНР.
Од министерството додаваат дека превртениот автобус кај Лесковац е на превозник од Струга, со регистарски таблици – Euroturs SU 3325 AC.
-Во несреќата се повредени вкупно 32 повредени патници од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, а 4 се на хирургија. На повредените и патниците од автобусот, кои ќе имаат потреба од преноќување, српските власти ќе им обесбедат сместување- информираат од МНР.