Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МНР испрати протестна нота до бугарското МНР по скандалозниот предизборен спот на пратеникот Џамбаски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mnr-696x316

Министерството за надворешни работи (МНР) денеска преку Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија до бугарското Министерството за надворешни работи упати протестна нота во врска со објавено видео на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски.

— реклама —

Од МНР вечерва соопштија дека ќе известат и соодветно ќе реагираат до институциите во Европската унија.

— реклама —

Според Министерството за надворешни работи, ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји.

— реклама —

-Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени, се вели во соопштението на МНР.

Заменик-претседателот на бугарската ВМРО-БНД Џамбаски во објава и видео-спот на Фејсбук со кадри од Скопје, Охрид и други локации од државава наведува дека „Македонија е бугарска, а Бугарија е над се“.

-Постојат причини кои се поголеми од сите и од било што. Од секоја политичка ситница. Поголем од која било злонамерна политичка тема. За мене, за нас од ВМРО – таква кауза е Македонија. Македонија на оние Бугари кои ја сакаат, кои ја наследија и кои никогаш не ја заборавија. На Бугарите кои живеат во Македонија. Македонија на оние Бугари кои ја изградија модерна Бугарија. Колку пострашно ја измислувате вашата нова лажна историја, толку погласно ќе се уриваат, лажните темели што сте ги изградиле вашата патетична сегашност ќе се распаднат. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски Охрид останува. Колку погласно ги врескате лагите, толку побрз и поужасен ќе ви биде крајот, пишува Џамбаски во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања