Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МНР: Конкурсот за вработување се спроведува согласно Законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mnr-696x316

Министерството за надворешни работи соопшти дека спроведувањето на првата фаза од конкурсот за вработување од декември минатата година, се одвива согласно Законот за административни службеници.

— реклама —

„Во врска со спроведувањето на првата фаза на постапката по конкурсот за вработување од 29.12.2018 во Министерството за надворешни работи, укажуваме дека предметната постапка се спроведува согласно Законот за административни службеници и истата ја води Агенцијата за администрација. Иако МНР учествува во сите фази на постапката, одлучувачка улога има Агенцијата. МНР е должно да го почитува Законот за административни службеници.

— реклама —
— реклама —

Министерството согледува дека вака поставената законска рамка за вработување во МНР, преку Агенцијата за администрација, е комплицирана и не е соодветна за избор на најквалитетните кандидати за специфичните потреби на дипломатската служба. МНР подготвува нов Закон за надворешни работи, кој треба да биде lex specialis, и со кој се очекува да се надминат, меѓу другото, и проблемите кои произлегуваат од примената на Законот за административни службеници за регулирање на постапката за вработување во Министерството за надворешни работи, и што треба да овозможи Министерството самостојно да ја креира политиката и постапката за вработување во МНР.

— реклама —

Истовремено, Министерството напоменува дека од јуни 2017 година, во МНР не е вработен ниту еден дипломат. Тргнувајќи од потребите на МНР за континуирано обновување на човечкиот потенцијал со млади, високо и соодветно едуцирани лица, МНР го отвори овој конкурс токму со таква цел – на најтранспарентен начин, но и со почитување на постојната законска постапка да бидат избрани најдобрите од пријавените кандидати.“, велат од МНР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања