Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МНР не е вклучено во комуникацијата со МНР на Кина за вакцините, туку процесот се одвива преку Министерството за здравство, вели Османи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bujar-osmani

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се иззема од аферата со набавката на кинеските вакцини – Тврди дека од него никој не побарал да исконтактира со кинеското МНР, а целиот процес за набавката се одвивал помеѓу Министерството за здравство и кинеската амбасада. Иако вообичаено е дипломатиите на две земји меѓусебно да контактираат кога е во прашање ваква важна набавка, се поставува дилемата зошто премиерот и министерот за здравство не го побарале тоа од првиот човек на МНР, кога и самите се пожалија дека две недели немале никаков одговор од кинезите. Наместо тој чекор, Власта одлучила да ја вклучи компанија од Хонг Конг која место нив, требала да преговара со Кина. Османи пак, избегна да одговори дали знае за која фирма се работи, објави Алфа. 

— реклама —

Во однос на кореспонденцијата со МНР на Кина, таа кореспонденција ја прави Министерството за здравство овде се разбира преку нашата амбасада во Кина меѓутоа МНР не е вклучено во таа комуникација со МНР на Кина директно, туку процесот се одвива преку Министерството за здравство – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Текстот во целост на: Алфа. 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања