Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МНР: Во Амбасадата во Пекинг нема пријавени заразени македонски државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kina

— реклама —

— реклама —

Македонското дипломатско конзуларно претставништво во Кина информира дека досега не е пријавен ниту еден случај на македонски државјанин заболен со коронавирусот. Како што информира Министерството за надворешни работи, во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани, а нашето ДКП е во постојан контакт со нив.

Граѓаните на Република Северна Македонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во нашата Амбасада во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил, beijing@mfa.gov.mk.

Германските власти денеска објавија дека размислуваат за евакуација на своите државјани од провинцијата Хабеј, од каде што почна да се шири вирусот.

Според најновите податоци, од овој вирус досега починаа најмалку 80 лица, а 2.800 се заразени.

Инаку кинеското Министерство за финансии соопшти дека ќе издвои 8,74 милијарди долари за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица. Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања