Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

МО со народни пари го платило 9.384 евра Темелко Ристески, за партиска агитација и пишани 10 текста на фејсбук, ДКСК да отвори истрага, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
temelko-risteski-1-1024x538-1

Владата на СДСМ, Ковачевски и Петровска го пробија дното, велиВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ испумпувала државни пари за партиски цели.

— реклама —

Министерството за одбрана исплатило 9.384 евра на професорот Темелко Ристески за десет фејсбук статуси, два текста и телефонски разговори за агитација за парламентарните избори во 2020 година за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ. СДСМ испумпувала државни пари за партиски цели.

Во извештајот кој го поднел и потпишал Темелко Ристески до МО за она што сработил јасно стои дека една од обврските е вршење на партиска активност за потребите на СДСМ, агитација и напад кон политичкиот противник, и за тоа наплатил вкупно 9.384 евра.

— реклама —

Забеганоста нема крај, додека медиумите пишуваат дека војниците јадат небезбедна храна, немаат соодветна опрема и хумани услови за работа, се испумпувале не партиски, не донации, туку чисти буџетски народни пари преку Министерството за одбрана за потребите на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Димитар Ковачевски и Славјанка Петровска мора да понесат одговорност и да одговорат уште колку вакви лица биле ангажирани во државните институции за вршење на партиски активности на СДСМ и коалицијата „Можеме“?

До кога владата на СДСМ со народни пари ќе плаќа партиски послушници?

— реклама —

Државната комисија за спречување на корупција наместо да глуми нем посматрач, веднаш без одлагање да реагира, да покрена постапка и целосно да го расветли случајот, а Телемко Ристески да ги врати парите назад.

Дополнително ДКСК да испита и во кои други институции е вршена ваква исплата на буџетски пари?

— реклама —

За овој скандал покрај политичка одговорност за сите инволвирани, мора да има кривична одговорност.

Премногу е“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања