Моден викенд се враќа во Скопје и тоа во Градскиот парк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Screenshot-2022-06-15-at-10.06.47

4 дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје. И тоа не било каде, туку во Градскиот парк. Симболот на младите, на авантуристите, на македонската авангарда и андерграунд. Впрочем, сите оние модерни зданија во градот и оние урбани ликови кои му даваат толку големо значење на Скопје како метрополоа, сите доаѓаат од едно место. Од „улицата“. Или ајде, ќе бидеме малку поблаги, затоа што улицата многу знае да звучи егоцентрично, па дури и несфатливо за помладите генерации, па затоа, Градскиот парк нека биде поприфатливата метафора за сето она што е убаво во главниот град.

— реклама —

„25-то издание на Моден Викенд под мотото: „Discover Who’s Next Graduation Show“ e за сите млади луѓе, за сите факултетлии, но и за сите оние бубачки и шумски ѕверки кои сакат да ја пренесат нивната приказна и порака преку модата. Живееме во една модерна ера во која сме сведоци на младите кои секојдневно се повеќе имаат интерес за модата, за нејзино креирање, па дури и за нејзиното „сетирање“. Деновиве се повеќе слушаме за NFT мода, за дигитални артисти, па нема да бидеме изненадени ако наскоро „новата генерација“ што ќе се претстави на Модниот викенд во Скопје ја видиме на некој од билбордите во Њу Јорк, Парис, Хонг Конг како дел од некоја ултра модерна NFT модна колекција. Но, за тоа останува само времето да покаже, нели? Езерцето во парк било и ќе остане „љубовно гнездо“ за многу љубови во Скопје, па затоа, ние ве покануваме токму таму да бидете дел од најновото издание, за со сигурност и со ветување ви кажеме дека ќе се заљубите барем во еден модел од артистите“; велат организаторите.

— реклама —

Посетителите на овој „летен“ Моден Викенд ќе имаат чест за првпат да се запознаат со Националниот младински совет на Македонија, вклучително и Првиот саем за вработување млади во модната индустрија.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања