Модернизиран ДМС системот, подобра организација на институциите и побрзи административни процеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Damjan-Mancevski1

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната прес конференција истакна дека во функција е национален систем за управување со документи.

— реклама —

– Новиот национален систем за управување со документи е вистинското решение за организација на работата во време кога не знаеме како ќе се развива општеството со Ковид 19. Дигитализацијата на работните процеси и можноста секој да работи каде и да е локациски поврзан на интернет, преку својот мобилен, таблет или компјутер овозможува навремено и квалитетно завршување на работните задачи што доведува до уште подобри услуги за граѓаните – рече на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација во заминување Дамјан Манчевски.

МИОА, како што рече, во последните неколку месеци активно се посветиле на модернизација и адаптирање на Националниот систем за управување со документи ДМС.

— реклама —

Манчевски појанси дека ДМС системот овозможува заедничко работење на административните службеници, од различни сектори и одделенија. Заедничкото работење и координација доведува до поквалитетни услуги за граѓаните.

– Новиот ДМС систем е SMART систем кој го олеснува работењето. За секој предмет кој ќе биде заверен во архива и електронски разменет со некоја институција, тоа ќе значи дека одговорот за тој предмет ќе биде автоматски заверен и распределен до лицата кои учествувале во неговата подготовка, независно од местото од каде што работат. Со националниот ДМС се прави унифицирање на архивското и деловодно работење на институциите во соработка со Државниот архив и Државниот управен инспекторат. Дополнително, ДМС овозможува електронски решавање на предметите односно барањата за услуги, поднесени од преку порталот uslugi.gov.mk кој денеска го користат повеќе од 25.000 граѓани, информира Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на ангажманот на административните работници што не беа распоредени на работни места, најави дека согласно со коалицискиот договор за новата Влада е договорен конкретен краток временски период од само неколку месеци во кои би се затворило ова прашање.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања