„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

“Мојата порта“ – краток филм на децата од основните училишта во Општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Вчера, 12 декември, во Кинотека на Македонија беше премиерата на кусиот аматерски филм „Мојата порта“, производ од неколку месечни интерактивни работилници за изработка на филм, на кои учествуваа ученици од сите основни училишта во Општина Центар.

— реклама —

Работилниците се реализираа во организација на Општина Центар и Киненова, а под менторство на режисерката Марија Џиџева.  Тема на филмот е дијалогот како моќна алатка на родителите, општеството и децата во надминување на насилно однесување.

По проекцијата на „Мојата порта“, беше одржана трибина на истата тема, со цел пронаоѓање на можности и начини за општествено канализирање и разумно надминување на семејни, социјални и општествени конфликти кои доведуваат до насилно однесување.

— реклама —

На трибината, организирана од Киненова и УНИЦЕФ, публиката можеше да ги слушне мислењата, но и да дебатира со говорниците Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во РМ, Јана Белчева Андреевска, претседателка на Советот на Општина Центар, Марија Ралева, психијатар и Радмила Живановиќ, психолог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања