Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мојсовски нека не се крие, нека поднесе оставка од АМС после скандалот тежок милијарда денари, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
23042021_AMS_Mojsovski_pres-konferencija-1

Наумче Мојсовски треба веднаш да си поднесе оставка од позицијата директор на Агенцијата за млади и спорт после сериозните индиции за сторен криминал. Наместо да се крие зад соопштенија треба да ја напушти функцијата, бидејќи од таа позиција може да ја загрози истрагата за малверзациите со распределбата на ваучери за спортски клубови, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Се работи за сериозен скандал бидејќи распределбата на ваучери врти над една милијарда денари и постои основано сомнение дека без јасни критериуми биле фаворизирани одредени клубови.

— реклама —

Според Антикорупциска овие средства биле делени под влијание на одредени лица, па дури и политички партии и со тоа била направена штета на буџетот. Наумче Мојсовски треба на јавноста да и открие кои се тие лица и кои се тие партии кои вмешувале прсти во распредлбата на оваа милијарда.

— реклама —

Доколку Мојсовски решил да молчи, тогаш надлежните институции оваа истрага треба да ја прошират и да се види кој се стои зад оваа афера.

— реклама —

Очигледно е дека оваа власт е клептоманска. Крадат од парите за здравството, крадат од парите за образованието, а сега гледаме дека се злоупотребувале и пари во спортот. Што фатија исушија од крадење. Оваа мафијашка власт треба да замине час поскоро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања