Промени тема
Контакт

Молкот на Ковачевски кажува само едно, владата преговара за идентитетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
26022022_PVRSM_Kovachevski_obrakjanje

СДСМ и Ковачевски молчат, а со тоа ги одбиваат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за градење национално единство, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ најпрво одби гласање на Декларација за ликот и делото на Гоце Делчев во годината кога се одбележуваат 150 години од неговото раѓање. Сега, уште посимптоматично СДСМ и Ковачевски одбиваат да дадат писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја. Овие гаранции Ковачевски треба да ги прифати и да ги даде прво пред својот народ, а потоа истите да ги застапува и брани пред Брисел и Бугарија.

— реклама —

Навистина е апсурдно Ковачевски да дава гаранции на Петков и на Бугарија, а да не даде гаранции пред својот народ.

— реклама —

Ваквите гаранции не само што ќе бидат израз на национално единство и зајакнување на државните позиции, тие во исто време ќе бидат гаранција дека Македонија нема да биде стопирана на својот европски пат со апсурдни пречки.

— реклама —

Но, за жал, молкот на СДСМ и Ковачевски покажуваат дека се спремни за пазарење кое ќе доведе до идентитетско обезличување. Ако сега Ковачевски прифати негаторски позиции на Софија да станат дел од преговарачката рамка на Македонија, тогаш тоа значи отворена врата за продажба на идентитетот“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања