Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Молкот потврдува дека Јакимовски на тајна средба барал од Ковачевски одземање на ингеренциите на општината, за да помине бетонизацијата кај Алумина, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
jakimovski

„Молкот на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за да одговори дали имал тајни средби со Ковачевски, само потврдува, дека вистинити се сомневањата, дека на таква средба, било барано одземање на ингеренциите на општината, само за да помине бетонизацијата на Карпош кај Алумина“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Тој на лукав и нечесен начин, имал намера да го заобиколи противењето на опозициските советници, на бетонизацијата и планот фирмата на пратеникот на ДУИ и СДС, Исмаил Јахоски, Пуцко Петрол, кај Алумина да направи бизнис со бетонизација вреден над 600 милиони евра.

— реклама —

Навистина е манипулативно навраќањето на Јакимовски пред 7 години и барањето на вина, за неговото бетонско здание во тогашниот министер за транспорт и врски Мисајловски.

— реклама —

Јакимовски не кажува дека министер не дава согласност, туку овластен архитект, урбанист, а го носи општината.

Граѓаните се против тоа Карпош да се бетонизира и тој дел од булеварот Теодосиј Гологанов, дополнително да се претвори во тесно грло, сообраќајот да се отежни и да се наруши квалитетот на живеење на самите жители.

Ги повикуваме Ковачевски и Јакимовски, да не одат спроти волјата на жителите на општина Карпош, кои недвосмислено се против овој проект за бетонизација“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања