Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

МОН и oпштина Аеродром го осудија случајот во „Ѓорѓија Пулевски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
mon

Министерството за образование и наука и општина Аеродром попладнево преку соопштенија го осудија случајот со фрлањето на ученичка од прозорец од страна на нејзините соученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Во соопштенијата испратени од двете институции се наведува дека осудуваат секаков вид на насилство меѓу учениците и оти работат на целосно расчистување на случајот.

Од Министерството за образование и наука информираа дека Државниот просветен инспекторат веднаш по добивањето на информациите почнал инспекциски надзор за да се утврди фактичката состојба и да се лоцира одговорноста.

„По целосно завршување на постапката, од страна на инспекторите ќе биде подготвен извештај, врз основа на кој ќе се донесат и одлуки за следните чекори и понатамошни постапки”, се вели во соопштението од МОН.

Од општината истакнуваат дека се во постојана комуникација со претпоставените од училиштето и со надлежните институции со цел целосно да се расчисти случајот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека кај нив денеска е пријавено оти во петокот за време на малиот одмор четворица малолетници го фатиле за нозе и раце девојчето и го фрлиле од прозорецот во училницата на приземје. Девојчето се здобило со телесни повреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања