Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

МОН: Со новиот пакет антикризни мерки, поддршка од 16,3 милиони евра за учениците и студентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Над 120 илјади ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надоместок до крајот на тековната учебна, односно академска година како поддршка за нив и нивните семејства, во услови на зголемени трошоци за живот и продолжени ефекти од енергетската криза. Ова е предвидено во новиот деветти по ред пакет со антикризни мерки на Владата, насочен кон младите, ранливите категории на граѓани и приватниот сектор, соопшти МОН.

Околу 105 илјади ученици од основните и средните училишта кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања до 50 илјади денари, секој месец во наредните шест, ќе добиваат финансиски надоместок во износ од 1200, односно 1800 денари.

— реклама —

Додека, над 15 илјади студенти кои студираат надвор од нивното место на живеење, во следните 7 месеци, додека трае академската година, ќе добиваат ваучери за превоз, односно надоместок во износ од 600 до 1200 денари во зависност од пресметаните трошоци за превозот.

— реклама —

За начинот на кој учениците и студентите ќе можат да аплицираат, за критериумите, условите и роковите за искористување на овие мерки, Владата и Министерството за образование и наука ќе објават подетални информации во следните неколку денови.

— реклама —

Според МОН, деветтиот пакет со 26 антикризни мерки за поддршка на граѓаните е во вкупна вредност од 662 милиони евра и истиот беше презентиран вчера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања