Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

МОН: учениците ќе имаат учебници на 1 септември, испораката се интензивира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Министерството за образование информира дека сите учебници кои досега се одобрени за користење од страна на Националната комисија за учебници се испечатени и интезивирана е испораката до училиштата.

— реклама —


— реклама —

„Согласно акцискиот план, целосно завршена е испораката во југоисточниот регион, а во моментов учебници се распределуваат во училиштата во главниот град и во општините во северниот и западниот дел на државата. Процесот на испорака на сите учебници кои се одобрени, вклучително и на најновите за трето одделение кои ќе се дистрибуираат утре, ќе биде целосно завршен на 1 септември. Оние пак кои се во постапка, а тоа се учебниците за шесто одделение, ќе се испорачаат во текот на месец септември, односно веднаш откако ќе ги поминат сите фази на процесот на одобрување. Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали за учениците и прирачници за наставниците кои ќе бидат објавени во електронски формат на веб страната на Бирото за развој на образованието во чија и сопственост се истите“, велат од МОН.


— реклама —

Оттаму уверуваат дека задолжените оператори за испорака на учебниците се максимално ефикасни.

— реклама —

„Во координација со училишните служби работеа и за време на викендите, а ќе работат и во претстојниот викенд. Интересот на учениците е заеднички фокус на сите нас. Упатуваме апел до јавноста да ги следи информациите кои ги објавува МОН, наместо информациите што ги пласираат други страни, меѓу кои често и докажани центри за ширење шпекулации“, дополнуваат од МОН.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања