Дваесет и едногодишен мопедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Адем Демачи“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, несреќата се случила на 20 јули околу 16:15 часот, при судир меѓу патничко возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. (59) од Скопје, и мопед управуван од Ќ.Д. (21) од Скопје.
Во несреќата мопедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.