Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мора да се спречи секој кој смета дека тој и неговиот бизнис е поважен од граѓаните, вели Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
7bc3f9c8-15fa-4349-8aac-3bb65a0064a0

Во интервјуто на Спасовски во „Вин Вин“ на ТВ Телма, одговарајќи на прашањето околу пораката што ја упати В.Д. амбасадорот на САД во Северна Македонија Ерик Мејер, дека недостига едно парче во антикорупциската сложувалка во државата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со потврда дека пораката е упатена до сите оние кои се обидуваат своите интереси да ги стават пред интересите на граѓаните и на државата, и во делот на политиката, а особено во делот на бизнисот.

— реклама —

„Секој еден кој што смета дека тој, неговите пари, неговиот бизнис се поважни од судбините на два милиони граѓани на оваа држава - секако тоа треба да биде прекинато“, порача министерот Спасовски, додавајќи дека постојат структури кои што ги злоупотребуваат позициите во институциите, но и пошироко.

— реклама —

„Ние мораме да најдеме јасни механизми кои што ќе придонесат сите овие негативни појави да бидат сузбиени, односно да бидат процесуирани“, рече Спасовски.

— реклама —

Во однос на добивањето на лиценци за производство на медицински канабис, министерот подвлече дека пренагласено се влезе во тој бизнис: „Кога ќе се отворат нови можности во делот на бизнисот дали е тоа во делот со медицинскиот канабис или друго, сите мислат дека сега е моментот да направат одреден бизнис. Сега, еве, со соларната енергија и сите други активности кои ги имаме... Но, имаше многу недостатоци во овој дел и затоа беа одземени многу од лиценците“, потсети Спасовски.

— реклама —

„Или треба да се донесе закон со кој што ќе се овозможи легално да се продаде тоа што ќе се произведе во овие фабрики за медицински канабис или ако не нуди државата таква можност од икс причини, тогаш не треба да се издаваат, туку треба да се одземат лиценците“, дециден беше министерот Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања