Морачанин и Поповска со Предлог-закон за намалување на бројот на уличните кучиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Maja-pres-23.02.2017-konecna-1

Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, подготвија Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните. Покрај нив, предлагачи на Законот се и пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Милева Горгиева од СДСМ, Никица Корубин од ЛДП, Мирсада Емини-Асани и Шпреса Хадри од ДУИ и независните пратенички Ирена Стефоска и Ивана Туфегџиќ.

— реклама —

„Со Предлог-законот ќе се спречи неконтролираното зголемување на бројот на улични кучиња, кои во најголем дел потекнуваат од размножувањето на домашните миленици. Секое куче женка во репродуктивен период продуцира десетина младенчиња годишно и најголем број од нив завршуваат на улица како улични кучиња. Со законските измени се воведува обрска за сопствениците на кучиња во репродуктивен период, да ги кастрираат, односно ојаловат своите кучиња во овластени ветеринарни амбуланти, болници и клиники, на сопствен трошок. Исклучок се сопствениците кои имаат регистрирано одгледувачници на кучиња. За неспроведување на оваа законска одредба се предвидува глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.

— реклама —

Предлог-законот предвидува зголемување на глобите за сопствениците на кучиња, доколку не ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните установи, со цел регистрирање и идентификување, не постават табла на влезната врата во дворот за присуство на куче, не ги врзуваат кучињата на поводник кога се на јавно место, не го пријават леглото од своите животни во овластена ветеринарна установа, не ги идентификуваат младенчињата пред да ги вдомат и не ги пријават лицата кај кои ги вдомиле. За овие прекршоци, глобите за правните лица ќе се зголемат од сегашните 100 на 700 евра, а за физичките лица од 10-15, на 100 евра во денарска противвредност“, стои во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања