Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Москва и Ватикан го одржуваат дијалогот и покрај меѓународната нестабилност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarys2ddtugcjbc6f2zmN2p
Russian Foreign Ministry's official account

Русија и Ватикан успеваат да го одржат дијалогот заснован на заемна почит и доверба и покрај сложената меѓународна ситуација, порача рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со секретарот за односи со државите на Светата Столица, Пол Ричард Галагер.

— реклама —

Лавров истакна дека комуникацијата меѓу Москва и Ватикан овозможува да се бараат „позитивни и реалистични решенија“ во услови на бројни меѓународни кризи.

— реклама —

Од своја страна, Галагер нагласи дека во актуелните сложени меѓународни односи дипломатијата е повеќе потребна од кога било. Тој оцени дека дијалогот е од исклучително значење и изрази благодарност за можноста двете страни да разговараат и да разменат информации.

— реклама —

Претставникот на Светата Столица посочи дека е од витално значење да се одржува комуникациската линија со Москва, без оглед на постојните тешкотии.

— реклама —

Галагер е во официјална посета на Русија до 28 август. Во текот на посетата се очекува да оствари средби и со претставници на Московската патријаршија, како и со членовите на малата католичка заедница во Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 14 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 16 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања