Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ
фото: unsplash

Руската Централна изборна комисија соопшти дека за време на парламентарните избори биле регистрирани повеќе од илјада сајбер-напади насочени кон инфраструктурата поврзана со изборниот процес.

— реклама —

Претседателката на комисијата, Ела Памфилова, изјави дека станува збор за DDoS-напади, односно обиди преку огромен број лажни барања да се преоптоварат веб-страници, сервери и мрежи и да се оневозможи нивното нормално функционирање.

— реклама —

Според Памфилова, нападите биле изведени од „високопрофесионални и добро координирани групи“ кои користеле алатки со вештачка интелигенција, а најголемиот дел од нападите потекнувале од странство.

Таа соопшти и дека биле извршени насочени напади врз руската телекомуникациска инфраструктура, при што, како што наведе, биле забележани знаци на украинско мешање.

— реклама —

Руската Изборна комисија уште во саботата соопшти дека изборниот систем бил цел на „многу силен сајбер-напад“ кој траел во текот на целиот ден.

— реклама —

Гласањето се одвива и по електронски пат во околу 30 региони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Русија отвора берзи за тргување со криптовалути, познат е датумот на почеток

Свет | пред 34 минути

— реклама —
vakcini-332

Првиот пациент третиран со руската вакцина против рак без нови метастази

Свет | пред 1 ден

media-librarycvvojt58f5mr24qiFWf

Руски полковник загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Медински со остра порака: „Секој педаљ руска земја ќе ѝ биде вратен на Русија“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања