Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Мостот на АСНОМ се уште не е во функција, иако е направен технички прием на проектот, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
asnom-most

Заради хировите на Данела Арсовска над 100.000 граѓани на Скопје, од Аеродром и Гази Баба, со месеци се заложници на нејзината неспособност, вели СДСМ

— реклама —

„Мостот на булеварот АСНОМ кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба се уште не е во функција иако веќе е направен технички прием на проектот.

Мостот е проект на минатата локална власт од СДСМ и е од исклучително значење за намалување на сообраќајниот метеж како и за полсен транспорт во овој дел од Скопје.

— реклама —

Без разлика дали причината е тоа што мостот е на проект на претходниот градоначалник или пак фактот што Арсовска најави дека ќе го прекине проектот па по притисок на јавноста сепак го продолжи, граѓаните не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на Данела Арсовска.

Арсовска треба да ја надмине својата суета, а постот на булеварот АСНОМ треба да биде ставен во функција што поскоро, бидејќи тоа значи унапредување на квалитетот на живот и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања