Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Јажинце–Тетово, во близина на селото Доброште.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 28 септември во 13 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од С.М. (41) од Доброште, и патничко возило „голф“, исто така со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.Е. (34) од Доброште.
Во судирот тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот С.М. и неговиот сопатник Д.Н. од село Глоѓи. Повредите биле констатирани во Клиничката болница Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.