Може да се примат вакцини против корона и грип во истовреме, тврдат експертите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

guzva-vakciniranje

Безбедно е да се примаат вакцината против „Ковид-19“ и вакцината против грип во исто време, и тоа не влијае негативно на имунолошкиот одговор што го предизвикуваат, покажа британска студија објавена денеска.

— реклама —

Студијата, предводена од Универзитетот во Бристол, покажа дека пријавените несакани ефекти обично биле благи до умерени. Ова испитување било спроведено со три вакцини против грип и вакцините против „Ковид-19“, произведени од „Фајзер/Бионтек“ или од „Астра зенека“, пренесуваат светските агенции.

Студијата опфати 679 доброволци на 12 локации низ Англија и Велс, и беше објавена како работна верзија на трудот, која ќе биде објавена во списанието „Лансет“.

— реклама —

Велика Британија и другите земји на северната хемисфера се подготвуваат за тешка зима и можност за зголемување на бројот на заболени од грип, имајќи предвид дека се олеснети ограничувањата за „Ковид-19“ поврзани со социјалната дистанца.

Третата доза на вакцината против „Ковид-19“ во Велика Британија во моментов се дава на стари и чувствителни луѓе, како и здравствени работници, додека владата на премиерот Борис Џонсон, исто така, ја објави најголемата програма за вакцинација против грип во историјата оваа година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања