„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Можете ли без „северна“ на пасошите во банка: за МВР таквите исправи се неважечки, на терен различна пракса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3078

Дел од банките се уште не знаат како треба да постапуваат при идентификација на граѓаните со пасоши кои не се со „северна“. Граѓани за „Скопје1“ сведочат дека во различни банки, има различна пракса. Со оглед дека за пасошите нема законски измени, тие треба да се неважечки и во Македонија. Но сепак, дел од банките чекаат за тоа да добијат известување од надлежните органи. Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека пасошите не можат да се употребуваат, но не навлагаат како ќе постапат банките.

— реклама —

„Според најновото известување од вчера, исклучиво личните карти издадени од Република Македонија кои се сѐ уште важечки можат да се користат за потребите на идентификација при воспоставување и продолжување на деловен однос. Во однос на патните исправи издадени од Република Македонија кои се сеуште важечки, се чека дополнително известување дали може да се користат“, кажаа за „Скопје1“ од контакт центарот за корисници, на една од македонските банки.

Се обративме и во друга банка, каде пак, ни кажаа дека може да се прави идентификација со пасош без „северна“, доколку истиот не е со истечена важност.

— реклама —

„Доколку е важечки пасошот и немате друг – може да се идентификувате. Ако имате извадено друг, со новиот“, велат од контакт центарот на друга банка.

Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека пасошите со старото уставно име се неважечки за употреба, како во Македонија, така и во странство. За тоа дали банките ќе дозволат идентификација со нив – не сакаат да коментираат.

Идентификација во банка може со лични карти со старото уставно име, како и со новото уставно име.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања