Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Можно е излевање на реката Вардар во Чегране

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
reka

Регионалниот ЦУК Гостивар известува, по пријавата од село Чегране, дека е можно излевање на реката Вардар во близина на бензиската пумпа во Чегране. Согласно пријавата, се информирани субјектите за управување со кризи на локалната самоуправа, а и дежурните на ТППЕ Гостивар, ДЗС Гостивар и ЕСМ подружница ХЕЦ Маврово.

— реклама —

Инаку, водостојот е зголемен заради зголемувањето на водостој на приклучните реки заради обилните врнежи од дожд и снег, согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од 19 јануари.

— реклама —
— реклама —

Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

— реклама —

Конкретно, УХМР пред 5 дена најави зголемени врнежи, топење на снег и дека се очекува дека хидолошката состојба да доведе до можни локани поплавувања. Во повеќе делови од земјата, како резултат на врнежите во изминатиот период и топењето на снегот, дека земјата е заситена со влага и се очекува брза реакција на помалите реки и суводилици низ земјава каде што на места се можни локални излевања. И, дека кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот а пред се на водотеците во западниот дел на земјата каде во сливот на р.Радика, р.Сатеска, р.Треска и горниот дел од сливот на р.Вардар се очекуваат значително високи водостои. Исто така, заради можноста од појава на поројни, интензивни врнежи, придружувани со засилен јужен ветер, можни се локални проблеми кај дел од градските урбани населени места каде што би се појавиле ваков тип на врнежи. Затоа предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања