„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мозочен удар и COVID 19 - Активности на здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mozocen-udar-1

Додека пандемијата COVID19  ги зема своите жртви, во здравството се јавува опасност од појава на дополнителни тешки последици по многу други болести  кои може да бидат серизони и долготрајни.  Пандемијата COVID-19 според светската организација за мозочен удар (World Stroke Organization) , која ги мониторира искуствата низ светот, значајно се одразува на здравствената услуга која им се пружа на болните со мозочен удар Утврдено е дека лицата со церебро-васкуларни болести  се особено подложни на развој на компликации и смрт кога страдаат од инфекција COVID-19 , токму  затоа, тие треба да бидат заштитени од контакт со заразени лица . Но, пандемијата има многу пошироко влијание врз грижата за болните со мозочен удар. Присутно  е значително  отежнување при пружање на здравствените  услуги поврзани со мозочните  удари.

— реклама —

      Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар,, согласно со препораките на светската организација за мозочен удар во изминативе три месеци се вклучи со повеќе активности во мисијата да се подобри статистиката  Континуирано беа организирани  активности, водени од тим на лекари и медицински сетстри,  преку кои јавноста беше информирана за проблемите на болните од мозочен удар и при тоа беа понудени практични  совети во однос на раното препознавање на знаците на мозочен удар како и потребата од брза реакција и упатување во соодветен центар, потребата од ран скрининг на ризикот кај оние кои имале транзиторна исхемична атака или мал мозочен удар,  но и поддршка на  болните во однос на  менаџирање на хроничните тегоби настанати по мозочен удар како спастицитет, болка, депресија ,деменција и сл. Преку ZOOM платформата допревме до повеќе од  200 лица  кои директно или индиректно се поврзани со мозочниот удар.     Активистите на здружението постојано беа во контакт со заболените и нивните семејства и континуирано ја следеа состојбата на болните во регионот на југозападна Македонија. Исто така ,здружението направи обид да не ги остави настрана ниту  најосетливите категории на нашите штитеници и во соработка  со ТАМАРО маркетите во неколку акции  подели помош од храна и основни продукти на социјално загрозените .

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања