„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

МПЦ-ОА ги откажа масовните прослави за Водици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vodici-Ohrid

За прв пат по три децении од возобновувањето, ќе нема масовни прослави за Водици на реките и езерата во Македонија. Синодот на МПЦ-ОА, одлучи годинава да го одложи чествувањето поради панедемијата, но сепак Богјавление, или големиот водосвет, црковно ќе се слави во дворот на Храмовите.

— реклама —

Тоа практично значи, оваа година нема да има скокање по светиот Крст и нема да ги има масовните собири на бреговите околу реките и езерата.

-Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија, во духот на препораките добиени од страна на Министерството за здравство до верските заедници, препорачува претстојните празници да се прославуваат со одговорност кон јавното здравје, да се почитуваат епидемиолошките здравствени мерки, па Божикните и Богојавленските празници да се прославуваат без нарушување на законските нормативи за јавни собири, определени од Владата. Тоа подразбира верниците во храмовите да носат маски, да одржуваат пристојно меѓусебно растојание, а богојавленското осветување на водите во 2021 година да се одржи во кругот на храмовите. Запазувајќи ги овие мерки, како Црква ќе придонесеме за зачувување на општото здравје на нашиот народ, во овие тешки времиња кога целиот свет е исправен пред предизвикот да се избори против опасниот вирус, стои во соопштението од канцеларијата на САС на МПЦ — ОА.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања